ПОТЕГ КОЈ ВРЕДИ ДА СЕ РАЗГЛЕДА

ЗА ДА ГО ЗАДРЖАТ ЛЕБРОН: Кавси го сакаат Каваи?

Иако сеуште не одлучил дефинитивно каде ќе продолжи да игра, јасно е дека „половина лига" е заинтересирана за услугите на Каваи Ленард.

објавено: 18 јуни 2018 - 22:30

Каваи Ленард е на добар пат да си замине од Сан Антонио, и играњето за Спарс, каде стигна и до шампионската титула, и МВП признанието, да го замени со некое друго место.

А откако за време на викендот излегоа неколку опции, денеска се појави уште една. Доаѓа од Охајо, ја испраќа, иако некако срамежливо, менаџерскиот тим на Кливленд.
Од Кавалирс признаваат дека нивната намера е да пробаат да го задржат Леброн Џејмс се до неговото пензионирање, а за таа цел ќе се обидат да направат нови промени во играчкиот дел.
И дека се расположени за одредени размени, и дека како една од целите би бил трејд во кој би го добиле Каваи Ленард.

Но, актуелниот момент вели дека реално Кливленд нема што сериозно да му понуди на Сан Антонио при евентуална размена, и да го убеди Грег Попович за тоа. Евентуална понуда на осмиот пик на претстојниот драфт, плус евентуален „излез" за Кевин Лов, би биле некој интересен пакет.
Но извесно е дека за да се реализира тоа, би требало да биде вклучена и некоја трета екипа од лигата.
Прашање е и колку Лов им треба на Спарс, ако се земе в предвид дека го имаат Ламаркус Олдриџ, па и Пау Гасол, за кого пак во меѓувреме стигнаа најави дека ќе биде „достапен" за трејд ова лето.

Најново во Кошарка