КОШМАРНА НЕДЕЛА ЗА ОЛ-СТАР БЕКОТ НА БОСТОН

За маката на едно момче од Такома (ВИДЕО)

Ајзеја Томас со емоционално обраќање кои сите свои пријатели и почитувачи

објавено: 20 април 2017 - 15:47

Последната недела се претвори како кошмарна за звездата на Бостон Селтикс Ајзеја Томас.

Пред неколку дена бекот на „келтите" ја загуби својата помала сестра Чајна во еден сообраќаен инцидент кој се склучи на магистралниот пат блиску до Вашингтон. Но и покрај семејната трагедија, 175 сантиметри високиот кошаркар ги одигра првите два меча од плеј-офот на НБА лигата против Чикаго.
Непосредно по завршувањето на дуелот број 2 со Булс, раководството на Селтикс му даде дозвола на Томас да замине во неговиот роден град Такома за да биде со своето семејство и да присуствува на погребот на својата сестра.
Се очекува некогашниот студент на Универзитетот во Вашингтон да се присоедини на тимот од Бостон за третиот меч од серијата кој е предвиден да се одигра на 21. април во Чикаго.
Но пред да замине дома, Ајзеја испрати едно емоционално соопштение упатено кон сите оние кои му дадоа подршка во изминатите денови.

„Не можам да си го претставам тој ден во кој мојата мала сестричка Шајна нема да биде со мене, и затоа болката која сега ја чувствувам не може да се опише со никакви зборови. Без сомнение, ова е најтешката недела за мене во мојот живот. Во исто време добивам толку љубов и поткрепа. Благодарем сум им на сите пријатели, на семејството, на фановите, на раководството на Бостон и на сите колеги од НБА. Го ценма сето тоа и се радувам дека сите тие го уважуваат моето лично расположение" - истакна ол-стар бекот на Бостон во својата порака

 

Најново во Кошарка