Лука Дончиќ веќе „влезе" во НБА, и на малку поинаков начин

За најдобриот млад кошаркар во Европа, од најдобриот „цртач" на спортски обувки...

Американците тоа го нарекуваат ПЕ (Player Exclusive shoes) и ги имаат скоро сите кошаркари во НБА лигата. А од пред извесно време, свој „модел" доби и веројатно еден од првите пикови на јунскиот драфт...

објавено: 2 мај 2018 - 12:15

Американците тоа го нарекуваат ПЕ (Player Exclusive shoes) и ги имаат скоро сите кошаркари во НБА лигата. А од пред извесно време, свој „модел" доби и веројатно еден од првите пикови на јунскиот драфт – Лука Дончиќ.

Американскиот дизајнер на обувки, Кикстрадомис изработува персонализирани уникатни патики за НБА ѕвездите како што се Џејмс Харден, Лаури Марканен, Карл Ентони Таунс, и Горан Драгич, а на бекот на Реал Мадрид веќе му испорача(л) неколку комплети.

Неговиот соиграч од националниот тим на Словенија, Горан Драгич на пример, своите патики ги „украси" со мотиви од полуларната серија „Game of Thrones“, додека пак оние на Лука Дончиќ се со малку поинакви мотиви...

 

Најново во Кошарка