МИНЕСОТА ИЗГЛЕДА ЈА ОДБРА СТРАНАТА

За Таунс 190 милиони, што е со Батлер?

Тимбервулфс и КАТ договориле нов, петгодишен договор, вреден 190 милиони долари, пренесува ЕСПН...

објавено: 23 септември 2018 - 21:45

„Кога бев драфтуван, на 25.јуни, 2015 година, се посветив саmо и исклучиво на Минесота. На истото се обврзав и на 22.септември, 2018 година. Чувствувам исто возбудување"- се наведува во соопштението на Таус. „Им ветувам на сите, навивачите, соиграчите, и другите во клубот, дека ќе се обидам да ја остварам визијата на човекот кој ме драфтуваше - Флип Сандерс, и неговиот сон за победување, со почитување и со достоинство.Им благодарам на сите кои веруваа во мене".

Супермаксималниот договор подразбира и тоа Карл-Ентони Таунс да заработи и до 30% од „селари-капот" на Тимбервулфс доколку биде прогласен за МВП на лигата, или пак за најдобар одбранбен играч во НБА лигата.

Во последните три години, овој 22 годишен кошаркар не пропушти ниту еден меч на „волците", а во онаа ланската, во просек реализираше по 21.3 поени и 12.3 скока по натпревар.
После една ваква одлука на управата на клубот од Минеаполис, се гледа и начинот на кој ќе биде решена ситуацијата со Џими Батлер, кој претходно изрази желба да ја напушти Минесота, токму поради судирот со Таунс.

 

Најново во Кошарка