БОСТОН ИМА ДВЕ ШАНСИ ЗА МЕСТО ВО ФИНАЛЕТО НА ИСТОКОТ

Запре „коњаницата", Леброн и дружината почнаа да кризираат (ВИДЕО)

Кошаркарите на Бостон уште еднаш ја искористија предноста која со себе ја носи играњето на домашен терен. Славеа победа од (96:83), па сега имаат (3:2) во серијата, и две меч-топки за финале против тимот од Охајо.

објавено: 24 мај 2018 - 08:30

Практично се беше решено во првата четвртина, во која расположените домашни кошаркари стекнаа предност од 13. поени разлика (32:19), против евидентно заморените Кавалирси.

Практично по тој минус четата на Леброн Џејмс никако не успеа да се врати назад во мечот број 5, чиј победник, во 83% од случаите понатаму ја добивал серијата низ историјата на НБА лигата.
После две врзани победи на својот терен, не успеаја да дојдат до „брејк" ниту на третото гостување во „ТД Гарден".
Навидум мирниот почеток за момент беше „прекинат" во втората четвртина.
Лери Ненс – Јуниор и Маркус Морис влегоа во вербална расправија коај за малку ќе се претвореше во физичка. Но сепак се помина само со „технички" за Ненс и за Тери Розиер, поради реакциите, а после овој „инцидент" натпреварот продолжи во едно „мирно темпо".
А Селтикс со сигурна игра, заедно со добриот шут за три поени, мечот го приведоа кон крајот. Сега за голема предност, (3:2) во серијата, по што им треба само уште еден триумф да се вратат и да заиграат за титулата.

 Со 24.поени, 7.скока и по четири асистенции и освоени топки, Џејсон Тејтум беше најефикасниот играч на Бостон. Го следеше Џејлен Браун со 17,поени. Ал Хорфорд пак оствари дабл-дабл ефект од 15.поени и 12.скока, додека по 13 уфрлија Маркус Морис и Маркус Смарт.

Во екипата на Кливленд само двајца кошаркари имаа двоцифрен ефект. Првата ѕвезда на тимот Леброн Џејмс заврши со „само“ 26.поени, 10. скокови и 5. асистенции, додека Кевин Лов имаше уште 14.поени и 7. скокови.
Останатите играчи од стартната петорка на Кливленд беа во голема мерка запрени. Џорџ Хил реализираше седум, Џеј-Ар Смит два, а Тристан Томпсон само еден поен.
Шестиот меч од оваа финална срија на Истокот се игра во ноќта помеѓу петок и сабота (од 02.30 часот по полноќ-, во Кливленд.

Најново во Кошарка