ЈАСНИ МУ СЕ НЕКОИ РАБОТИ ДУРИ И НА ЛЕБРОН ЏЕЈМС

Зошто се Вориорс поинакви од порано, па го имаат Дурент!?

Кливленд кавалирс одигра еден сосема солиден меч, трет во финалето со Голден Стејт. Но и „трипл-дабл" ефектот на „Кралот" не беше доволен за победа. Па сега скоро сигурно е дека „коњаниците" и по втор пат по ред, и трет во последните четири години, ќе останат без прстените.

објавено: 7 јуни 2018 - 18:00

Овојпат таа шанса им ја одзема Кевин Дурент, кој имаше маестрална изведба гарниранаа со 43. поени, и згора на тоа, со мал број нереализирани обиди.

Партија за восхит, дури и кај Леброн Џејмс.

„Кевин Дурент е одговорот на прашањето зошто Вориорс се поинакви во однос на тимот од пред две години. Тој е еден од најдобрите против кого сум играл. Еден од најдобрите во оваа лига на сите времиња. Неговата способност да ја чува топката, да шутира, со неговата величина, со неговата брзина.."- рече Џејмс поле третиот меч од финалето.

Додаде дека во овие мечеви просторот за грешки е ограничен и за него и за тимот...

Ова е како да играте со Патриотс. Просторот за грешка е многу мал кога играте со Голден Стејт. Не смеете да грешите многу, затоа што тие сами нема да се победат. Кога ќе ги натерате на нереализиран обид, и тоа не го искористите, после тоа е тешко да се остане фокусиран, не смеете да ја губите топката, фокусот не смее да ви паѓа. Го нема она, 'моја грешка', морате добро да комуницирате, затоа што секој пат ќе ви наплатат. Дали тоа е серија 6-0, или 9-0, едноставно не смеете да грешите"- вели Леброн.

Но тој и понатаму верува во својот тим...

"Ова беше меч во кој и ние имавме свои шанси. Игравме добро досега во плеј-офот, и добро е и понатаму да имаме шанса да ја продолжиме оваа серија. Но мораме да изнезел сконцентрирани за сите 48.минути. Тие се тим со најдобра трета четвртина во лигата и мораме да играме како во првото полувреме"- смета Џејмс.

Најново во Кошарка