КОШАРКАТА КАЈ НАС ДЕФИНИТИВНО Е КАКО ЕДЕН ГОЛЕМ ЦИРКУС

НЕКОЈ САКА ДА НЕМА ДЕРБИ! Работнички во Гостивар ќе биде домаќин на МЗТ Скопје Аеродром

Вечното скопско дерби најверојатно ќе се игра без публика

објавено: 16 април 2018 - 12:25

Работнички одбра да биде домаќин во Гостивар на дуелот против МЗТ Скопје Аеродром. Дуелот кој требаше да се игра синоќа во „Градски Парк“, беше одложен поради дефект на семафорот во салата на Работнички. Иако двете екипи беа на теренот, немаше услови да се игра во салата која е стара речиси 50 години.

Според пропозициите, домаќинот за 24 часа треба да понуди алтернативно решение за тоа каде ќе се игра средбата. Работнички одбра вечното скопско дерби да се игра во салата „Младост“ во Гостивар. 

Малку чудно е зошто Работнички се реши да игра на речиси 70 километри од Скопје, а не во некоја од салите во главниот град, каде сигурно ќе имаше многу повеќе публика и навивачи на двата клуба. Според најавите, дербито во Гостивар ќе биде најверојатно и без присуство на публика. 

Мечот е закажан за во 19 часот, термин во кој синоќа требаше да започнe дербито. 

 

Најново во Кошарка