Губеа 39 минути и 49 секунди

Нема послатко, последен кош за прво водство и победа (Видео)

Поранешниот македонски селектор, Александар Џикиќ и неговите избраници, кошаркарите на Партизан забележаа слатка победа против вечниот ривал Црвена Звезда. И тоа на неверојатен начин со последен кош за прво водство на мечот и за конечна победа

објавено: 19 мај 2017 - 11:25

Поранешниот македонски селектор, Александар Џикиќ и неговите избраници, кошаркарите на Партизан забележаа слатка победа против вечниот ривал Црвена Звезда. И тоа на неверојатен начин со последен кош за прво водство на мечот и за конечна победа.

Новица Величковиќ е херојот на Партизан. Капитенот го постигна последниот кош, со кој „црно-белите“ славеа со 78:77. А, претходно 39 минути и 49 секунди ниту еднаш не водеа на мечот против „црвено-белите“. Сега двете екипи се израмнети на врвот со по 8 победи и еден пораз.

Најново во Кошарка