НИКОЈ НЕ СЕ ПОЈАВИ НА ЛИЦИТАЦИЈАТА

Никој нема 500.000 денари за организација на Купот

МКФ дополнително ќе одлучи каде ќе се игра завршницата

објавено: 30 јануари 2018 - 13:01

Ниту еден клуб, ниту една фирма, ниту едно приватно лице, не се пријави да го организира кошаркарскиот Куп на Македонија. Македонската кошаркарска федерација за денеска имаше закажано лицитација за сите оние кои се заинтересирани да го организираат Купот, но таму никој не се појави. 

Едноставно никој не сака да ги плати потребните 500.000 денари, за да го добие правото за организација на Купот. По една ваква ситуација, МКФ сега ќе биде организатор на Купот кој треба да се игра од 16 до 18 февруари.

Дополнително ќе се знае кога ќе биде и ждрепката за двојките за четвртфиналето во машка конкуренција и полуфинале во женска.

Најново во Кошарка