Е вака се губи пласман во НБА финале

Ова го нема ни кај нас: Хјустон промаши 27 шута за тројки по ред (Видео)

Една од главните причини за поразот на „ракетите“ е тоа што иако играа на домашен терен, очајно шутираа од далечина

објавено: 29 мај 2018 - 15:15

Хјустон го загуби најважниот меч на свој терен и затоа остана без финале во НБА лигата. „Ракетите“ имаа предност од 11 поени во втората четвртина, но потоа почна нивното шоу од промашувања за три поени. 

Играчите на Хјустон промашија дури 27 удари за три поени и едноставно сами се победија во мајсторката против Голден Стејт. 

Погледнете ги сите 27 промашувања за три поени на еден од најефикасните тимови во лигата.

Најново во Кошарка