ОСМИ ПАТ СЕЗОНАВА ПРИМААТ ТРОЦИФРЕН БРОЈ НА ПОЕНИ

Ова ли е шампион? МЗТ е со одбрана „швајцарско сирење“, осми пат сезонава прими 100 поени

„Штрковите“ седум пати добија „стотка“ во АБА лигата, а сега и во домашното првенство покажаа дека одбраната им е најслабата страна

објавено: 18 март 2018 - 20:20

Кога ќе се примат 100 поени, речиси сигурно е дека следува пораз. Сезонава тоа најдобро го знае македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром. Тимот кој доминира на домашната сцена во последните неколку години, сезонава едноставно игра очајно во одбраната. 

Колку е слаба одбраната на МЗТ Скопје сезонава, посебно покажуваат резултатите во регионалната АБА лига. На „Јадранот“, македонскиот првак дури на седум меча прими троцифрен број на поени и нормално е што е заврши на последното место на табелата и испадна од елитната лига. 

Дека лекцијата од АБА лигата не е научена, се покажа во вечното дерби против Работнички. МЗТ Скопје загуби на гостувањето во „Градски парк“ во вечното дерби со 100:84. По дуелот, тренерот на МЗТ, Жељко Лукајиќ констатираше дека одбраната била слаба. Зарем тоа не го виде Лукајиќ во досегашниот дел од сезоната?

Во досегашниот дел од сезоната, МЗТ го доби најважниот дуел со вечнито ривал Работнички, тој во финалето од Купот, но факт е дека противникот тогаш играше ослабен. Во првеството, Работнички ги доби двете средби и е во пол позиција пред најважните дуел, тие во разигурвањето за титулата. 

Главните дуели во домашното првенство допра следуваат, а останува да се види дали тренерот на МЗТ Лукајиќ кој конечно сфати дека неговиот тим има одбрана „швајцарско сирење“, ќе успее нешто да смени.

Најново во Кошарка