ТОА ШТО СЕ ОЧЕКУВАШЕ, СЕ СЛУЧИ

Пенов „одлета“ од Соколи

Репрезентативецот реши да не ја продолжи соработката со вицепрвакот Карпош Соколи

објавено: 9 август 2017 - 13:00

Игор Пенов повеќе не е член на екипата на Карпош Соколи. Репрезентативното крило реши да нe ја продолжи соработката со вицепрвакот на Македонија. 

„Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Игор Пенов, повеќе не е член на Карпош Соколи, откако не беше најден заеднички јазик во преговорите за обновување на неговиот договор со актуелниот вицешампион. Крилниот кошаркар изминатите три сезони повеќе од успешно ги бранеше боите на „соколите", а претходно има настапувано и за МЗТ Скопје, АМАК-СП, Вардар Осигурување и за Кожув. Летово дебитира во националната селекција. Управата на Карпош Соколи на Пенов му посакува успех во продолжението од кариерата со надеж дека во иднина патиштата повторно ќе ни се вкрстат" – се вели во соопштението на македонскиот вицепрвак.

Во изминативе три сезони, Пенов го носеше дресот на „соколите“. Тој е првиот капитен на клубот кој подигна победнички пехар во некое натпреварување во сениорска конкуренција. Пред шест месеци, Пенов се радуваше на трофејот во Купот на Македонија. 

Како играч на Соколи успеа да се избори за место во репрезентацијата на Македонија. 

Најново во Кошарка