КЛУБОТ ПРЕДВОДЕН ОД СРБИНОВСКИ ГИ ЗАПОЧНА ПОДГОТОВКИТЕ

Перо Антиќ на првиот тренинг на Гостивар!

Кошаркарскиот клуб на Гостивар предводен од тренерот Марјан Србиновски ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона.

објавено: 16 август 2018 - 08:30

На првиот тренинг во спортската сала „Младост" учествуваше и акционерот на клубот, Перо Антиќ, кој досега беше дел од Црвена Звезда, а своевремено со Олимпијакос и Фенербахче ја освојуваше Евролигата.

„Со гордост ја пречекавме НБА ѕвездата и акционерот во КК Гостивар на првиот тренинг. Нека започне сезоната, ти благодариме што си дел од семејството".

36-годишниот Антиќ со најдобрата македонска репрезентација го постигна најголемиот успех на Европското првенство во Литванија 2011 кога беше освоено четвртото место.

Најново во Кошарка