ПО НЕПОПУЛАРНАТА ОДЛУКА НА КЛУБОТ ОД „ГРАДСКИ ПАРК“

Почнаа и сеири на сметка на Работнички: Ова е како Милан-Интер во Кина (Фото)

Најтрофејниот клуб реши вечното дерби против МЗТ Скопје Аеродром да го игра во Гостивар, што наиде на многу негативни реакции на социјалните мрежи

објавено: 16 април 2018 - 14:00

Одлуката на Работнички, дербито против МЗТ Скопје Аеродром да го игра во Гостивар, наиде на многу негативни реакции од страна на кошаркарските љуубеници. Некој од тимот од „Градски Парк“ реши да ја скрати можноста дербито да биде во препознатливиот сјај, па одлучено е вечното дерби на двата скопски ривали да боде во салата „Младост“ во Гостивар.

Што е уште поинтересно, најверојатно средбата ќе се игра без присуство на публика, иако Работнички не е казнет за такво нешто. На социјалните мрежи се појавија многу негативни реакции по одлуката мечот да се игра во Гостивар. 

Некои дури се шегуваат дека потегот на Работнички е „светски“, бидејќи во италијанското калчо имаше пример кога дуелот меѓу Милан и Интер се играше во Кина, за популаризација на спортот во најнаселената земја. 

Други даваат предлози дека можело дербито да се игра дури и на Мадагаскар и се чудат како еден семафор не може со денови да се поправи во 21 век! 

Најново во Кошарка