БРЕНДОТ СО ТРОФЕИ НЕ СЕ КУПУВА

Пола век нема титула, ама и понатаму е највреден клуб во НБА

Њујорк никс е на врвот на листата на НБА клубови, според вредноста и рангирањето на „Форбс“

објавено: 8 февруари 2018 - 09:40

Американскиот магазин „Форбс“ ја објави листата на највредни клубови во НБА лигата. Можеби е помалку чудно, но на врвот е Њујорк никс. Тимот од „големото јаболко“ само два пати во клупската историја бил првак во НБА лигата. Тоа се случило во 1970 и 1973 година, што значи дека Њујорк веќе 45 години се нема израдувано на шампионски пехар. 

Њујорк игра очајно и во последните четири сезони и воопшто не се пласираше во плеј-офот. Иако на спортски план се очајни, вредноста на клубот се проценува на 3,6 милијарди долари. Тоа е 9 отсто повеќе од лани, а причина за зголемените прихди е реновирањето на „Медисон Сквер Гарден“, каде сега има и можност за заработка од спонзорите и од нови влезници.  

Најново во Кошарка