ЈУНИОРИТЕ ЈА ПРЕКИНАА СЕРИЈАТА НА ЛОШИ РЕЗУЛТАТИ

ПРЕСВРТ И ПОБЕДА: Им се реванширавме на Бугарите

Поентерски одлично второ полувреме имаше четата на Ѓорѓи Кочов, во кое го разбивме домаќинот (46:28), за на крајот да ја однесеме победата (69:64) од ова дводневно гостување во Благоевград.

објавено: 4 јули 2017 - 13:52

Машката јуниорска репрезентација го доби вториот контролен натпревар од двомечот против соодветната селекција на Бугарија. Денеска во Благоевград беше плус 5 за нашата селекција (69:64), со што му се реваншираме на домаќинот за поразот во првиот меч.

За разлика од првиот, натпревар имаше две различни полувремиња. Во првото доминираа Бугарите, кои остварија предност од 13 поени (36:23).
Но по одморот на теренот постоеше само една селекција - македонската.

Во продолжението нашиот јуниорски состав направи вистински играчки, секако и резултатски пресврт. Избраниците на селекторот Ѓорѓи Кочов реализираа двојно повеќе поени во однос на првите 20. минути (46).
Затоа и беа наградени со една убава победа со која ги продолжуваат подготовките, каде следно на ред се двата меча со Австрија на гостински терен.

Четворица наши кошаркари го завршија овој натпревар како „двоцифрени". Стојановски реализираше 15. поени, имаше и девет скокови и една асистенција. Два помалку даде Михајловски, додека пак двоен ефект направи Какруки, кој на 10 поени придодаде и 12 скока.
Од оние кои почнаа како резервистин, одличен беше ефекот на Крстевски, кој освен 14 поени, имаше и пет скока во овој втор триумф за нашиот национален тим „Под 18" години во оваа фаза, по оној од пред неколку дена против селекцијата на Словачка.

БУГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА 64:69 (16-12; 20-11; 13-20; 15-26)

МАКЕДОНИЈА: Турсунов 2 (3ск,1ас),Ѓорѓиевски -, СТОЈАНОВСКИ 15 (9ск,1ас),А. Георгиевски 0, КРСТЕВСКИ 14 (5ск,1ас), Волкановски 0, ПАНОВ 5 (10ск,4ас), ТЕМЕЛКОВСКИ 6 (3ск), МИХАЈЛОВСКИ 13 (3ск,3ас), Димитриев 0, КАКРУКИ 10 (12ск), Стојанов 4;

Најново во Кошарка