продолжува испишувањето на историјата

Работнички „гази ли гази“, сега има 20 победи во 20 меча

Актуелниот лидер немаше проблеми на гости кај Охрид и на крајот убедливо победи 

објавено: 23 март 2018 - 19:43

Екипата на Работнички продолжи со победничката серија во домашното првенство, откако со убедливи 100:69, славеше на гости кај Охрид, во меч од 20 коло. Со овој триумф, Работнички ја продолжи неверојатната серија и уште е без ниту еден пораз. Во 20 натпревари, тимот од Градски парк е лидер со исто толку победи. 

Гостувањето кај Охрид требаше само ритински да се одработ, а избраниците на тренерот Марин Докузовски тоа и го направија на теренот. Уште во првата четвртина покажаа дека нема да имаат проблеми, па во продолжение на средбата разликата во корист на гостите, постојатно растеше. На крајот гостите застанаа точно на 100 поени. 

Костов со 22 поени и капитенот Мираковски со 17 поени беа најефикасни кај победничкиот тим, додека Кенет беше најрасположен во тимот на Охрид и даде 22 поени. 

Најново во Кошарка