Ново име во таборот на тимот од „Градски парк“

Работнички се подмлади со Лука Петровски

Младиот кошаркар, Лука Петровски се договори со Работнички, тој денеска ќе дебитира на дуелот против АВ Охрид во рамките na 12. коло од Првата лига. 

објавено: 11 февруари 2017 - 15:02

Лука Петровски е ново име во таборот на Работнички. Младиот кошаркар, кој е син на познатиот тренер, Боби Петровски ќе го подмлади најтрофејниот кошаркарски колектив. Петровски доаѓа од тимот на Тирана, а има настапувано за екипите на Ангели, МЗТ Скопје и Струмица.

Македонскиот репрезентативец на селекцијата до 18 години, денеска ќе дебитира во дресот на „црвено-белите“, кои на домашен терен го пречекуваат АВ Охрид во рамките на 12. коло од Првата лига. 

 

Најново во Кошарка