ПОРАНЕШЕН ИГРАЧ ОД НБА ЛИГАТА

Рака „сатар“: Погоди 92 од 100 обиди за тројка (Видео)

Џимер Фредете беше 10 пик на драфтот во 2011 година, во НБА лигата. Играше во Сакраменто, Чикаго, Њу Орлеанс и Њујорк никс, а сега е дел од тимот на Шангај Шаркс во Кина. На еден хуманитарен настап во Јута, Фредете за шест минути шутна 100 тројки и погоди неверојатни 92 пати. За секој погоден удар добиваше по 200 долари, што значи дека вкупно успеа да освои и да донира 18.400 долари, за една од локалните болници. 

Сезонава во кинеската лига, тој на еден меч постигна 73 поени, што покажува колку „мек“ шут има овој играч. 

објавено: 18 јуни 2017 - 12:50

Најново во Кошарка