ИНТЕРЕСНО МЕСТО ЗА ОДИГРУВАЊЕ НА МЕЧ

Реал и Баерн ќе играат на аеродром

Минхенскиот тим на 16 септември ќе биде домаќин на „кралскиот клуб“

објавено: 26 јули 2017 - 16:40

Кошаркарските екипи на Баерн Минхен и Реал Мадрид одбраа интересна локација за одигрување на меч. Натпреварот меѓу двата големи клуба ќе се игра на аеродромот во Минхен, кој за таа прилика ќе биде претворен во кошаркарски терен. 

Игралиштето ќе биде поставено меѓу двата терминали, а овој необичен дуел ќе може да го гледаат вкупно 1.500 гледачи. Претходно имало експеримени и некои средби се играле на отворено, но досега ниту еден меч не се одиграл на аеродром. 

Најново во Кошарка