МИЛЕВСКИ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ДО 18 ГОДИНИ

24 „спартанци" во борба за 12 места во скопскиот „пекол"

Селекторот на репрезентацијата до 18 години, Панче Милевски, излезе со списокот на кошаркари кои се повикани за првиот репрезентативен собир. Јуниорската репрезентација оваа година ќе земе учество на Европското првенство (Дивизија Б) што ќе се одигра в Скопје од 27. јули до 5. август.

објавено: 31 мај 2018 - 16:20

Селекторот на репрезентацијата до 18 години, Панче Милевски, излезе со списокот на кошаркари кои се повикани за првиот репрезентативен собир. Јуниорската репрезентација оваа година ќе земе учество на Европското првенство (Дивизија Б) што ќе се одигра в Скопје од 27. јули до 5. август.

Првиот собир ќе се одржи во вторник (5. јуни) со почеток во 11.30 часот во малата сала на „Кале".
По неколку дена подготовки во Скопје репрезентативците ќе заминат на една седмица во Маврово, а потоа ќе продолжат в Скопје се до почетокот на првенството.
Закажани се и пријателски натпревари со соодветните селекции на Бугарија, Романија и Австрија в Скопје како и пријателски турнир на гости во Турција.

СПИСОК НА КОШАРКАРИ ПОВИКАНИ ЗА ПРВ СОБИР НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ДО 18

Максим Митевски, Андреј Јордановски, Славчо Темелковски, Марко Атанасов, Андреј Деолски – Работнички, Валмир Какруки, Андреј Данилов, Баже Димитриев, Адриан Наумоски, Јоан Божиновски – Вардар, Лука Стојановски, Андреј Настевски, Дамјан Миса, Дарио Митевски – МЗТ, Елеса Камбери – Чаир 2030, Виктор Исајловски, Никола Кацарски – Феникс, Љупчо Мелов-Фени, Кирил Панов-Шпанија, Андреј Јакимовски-Италија, Тино Каранфиловски-Унгарија, Дамјан Лазаров-Италија, Драган Абрашев – Струмица, Ненад Радуловиќ- Соколи

Најново во Кошарка