Диме Тасовски неизвесен за дуелот во талин

Ако има потреба, ќе пробам да помогнам и во Естонија

„Добив удар во делот меѓу листот и коската под коленото, на страничниот дел од ногата, за среќа, бидејќи лесно можело да дојде до скршеница. Вака, нема ништо опасно. Одам на рехабилитација, ќе стиснам заби, а ако има потреба, ќе пробам и да помогнам на гостувањето кај Естонија" - вели Тасовски.

објавено: 13 август 2017 - 20:30

Точно на 2,13 минути до крајот на средбата, при еден дуел со протвничкиот бек Скот Бамфорт, Диме Тасовски почувствува силна болка во потколеницата на десната нога и мораше да го напушти теренот.

Лекарскиот тим на македонската репрезентација реагираше брзо, повредениот дел беше бандажиран и замотан со мраз, но голем песимизам околу состојбата на крилото даваше оној оток кој се појави на ногата.

„Добив удар во делот меѓу листот и коската под коленото, на страничниот дел од ногата. Физиотерапевтот ми кажа дека сум имал многу среќа, бидејќи лесно можело да дојде до скршеница. Вака, нема ништо опасно. Одам на рехабилитација, ќе стиснам заби, а ако има потреба, ќе пробам и да помогнам на гостувањето кај Естонија" - вели Тасовски.

Ако не игра Тасовски, место во составот за гостувањето во Талин ќе има за Игор Пенов, кој го пропушти дуелот со Косово во Скопје.

Најново во Кошарка