КАКО ВО СТАРИТЕ, ДОБРИ ВРЕМИЊА

Антиќ и Илиевски беа дел од симфонискиот оркестар на Боки и Сани

Величините се тука, се препознаваат, присутни се на сите големи настани. Така беше и во четвртокот навечер, во Љубљана. Во најголемата словенечка арена се собраа голем број на кошаркарски фаци, стари, млади, пензионери, активни, сеедно...

објавено: 31 август 2018 - 11:36

Величините се тука, се препознаваат, присутни се на сите големи настани. Така беше и во четвртокот навечер, во Љубљана. Во најголемата словенечка арена се собраа голем број на кошаркарски фаци, стари, млади, пензионери, активни, сеедно...

Се со една цел, да бидат дел од спектакуларниот настан во кој од активното играње на кошарка се простоија две словенечки играчки величини, Боштјан Нахбар и Сани Бечировиќ.
Предводници на една сјајна генерација на кошаркари на Словенија, кои и го отворија патот на „јанезите" кон европскиот врв досегнат минатото лето на Евробаскетот.
Во таа "турканица" и две големи имиња на македонската кошарка – Перо Антиќ и Владо Илиевски, како дел од „Тимот на Сани".

Беа дел од екипа во бело, која на крајот стигна до нерешен резултат (100:100), а кога, симболично, останаа да се доиграат уште седум секунди во „Стожице", судиите, оние најдобрите од Словенија, одлучија дека нема да се доиграат.
Дека нема победник во дуелот Нахбар-Бечировиќ, нема(ше) потреба за такво нешто.
„Симфонијата" мораше да го има својот крај на теренот. За жал на присутните шест илјади фанови.
Но актерите се преселија надвор од него... Забавата во Љубљана продолжи на малку поинаков начин...
Македонскиот ѕвезден тандем последен пат настапи заедно на Европското првенство во Словенија во 2013 година, по што Антиќ замина во репрезентативна пензија, а Илиевски продолжи уште малку.
Се прости од дресот со национални обележја на континенталниот собир две години подоцна во Загреб.

 

Најново во Кошарка