МКФ повел постапка за суспензии

Антиќ и Самарџиски пред ФИБА, Трајковски на „дисциплинска“

Македонската кошаркарска федерација покренала дисциплинска постапка против Перо Aнтиќ и Предраг Самарџиски поради нивната одлука за ненастапување за националниот тим во квалификациите за пласман на Евробаскет 2017.

објавено: 15 август 2016 - 20:19

Македонската кошаркарска федерација покренала дисциплинска постапка против Перо Aнтиќ и Предраг Самарџиски поради нивната одлука за ненастапување за националниот тим во квалификациите за пласман на Евробаскет 2017.
Со тоа се реализираа најавите дека раководството на МКФ е подготвено да стави крај на една ваква „појава" со која најмногу губи нашата репрезентативна кошарка, пред се онаа сениорската. Поточно дека ќе се инсистира на целосно почитување на правилникот за настап во репрезентацијата, без пардон спрема никого, па ниту играчите кои имаат свое место во историјата на македонската репрезентативна кошарка.
Затоа, МКФ веќе има испратено пријава до ФИБА против двајцата некогашни репрезентативци, кои ова лето не донеле доволно „докази" според кои може да се (пре) суди дали биле способни да се стават на располагање за овој квалификациски циклус за ЕП во 2017 година.
Интересно е што во минатото и двајцата кошаркари веќе „прескокнаа" по барем еден квалификациски цикслус. Секој со свои образложенија, па останува да се види „реакцијата" на светската кошаркарска федерација.
Нема да биде никакво изненадување доколку ФИБА одлучи во корист на МКФ, по што Антиќ и Самарџиски би се соочиле и со одредена (временска) суспензија. Односно забрана за настап во одреден временски период.


Што не би бил и прва таков случај, ако се знае дека пред неполна деценија, и Владо Илиевски, тогаш како играч на римска Лотоматика не донесе доволно аргументи да биде ослободен од репрезентативвните обврски, за што доби и висока парична казна од тогашното раководство на федерацијата предводено од Даниел Димевски.

 


Но тука не завршуваат проблемите за предводниците на нашата кошарка. Пред се ако се знае дека во текот на ова лето се соочија со уште еден голем проблем - недисциплината во националниот тим.
Па така поради прекршувањето на Дисциплинскиот правилник на националните репрезентации, а по пријава на селекторот Драган Раца, работа ќе има и за Дисциплинската Комисија на МКФ, но во случајот на Бојан Трајковски.
На почетокот на подготовките, силното крило на Куманово побара и доби ден одмор од селекторот Раца, со образложение дека има приватни обврски (кумство). Но во таа прилика Трајковски повеќе не се јави на тренинзите на националниот тим.
Причина плус за реакција на селекторот, по што допрва не очекуваат навистина жешки кошаркарски денови.
Многу извесно и реакциии од „другата страна на теренот"...

Најново во Кошарка