Нов Американец ќе дебитира за Косово во Гевгелија

Армстед е адутот на „Мула"

Селекторот на Косово, Дамир Мулаомеровиќ го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за следните два квалификациски натпревари, односно гостувањата во Романија и во Македонија.

објавено: 21 ноември 2018 - 12:01

Босанецот кој има и хрватски пасош, направи една, но доста битна измена. И тоа на плејмејкерската позиција, на која ќе го проба Малколм Армстед, како замена за Бамфорт, Американецот кој настапи на првиот меч во Приштина.

Армстед настапува во турското првенство во дресот на Бујукчекмече, а претходно во кариерата има настапувано и за Крка, АЕК, Истанбул, Нептунас...
Инаку нашиот следен противник подготовките ќе ги мине во Дебрецин, каде ќе бидат до 28 ноември, по што ќе заминат за Орадеа, каде ги чека првиот од двата меча против Романија.
За овие две средби, Дамир Мулаомеровиќ ги одбра следните кошаркари:
Дардан Бериша (З Мобиле Приштина), Фисник Ругова (З Мобиле Приштина), Лис Шоши (Макаби Ашдод), Гезим Морина (Менч Сенчур, Словенија), Меритон Исмаили (З Мобиле Приштина), Ергин Гроша (Унион), Леонард Мекај (Голден игл), Валон Буњаку (З Мобиле Приштина), Анди Шеху (Ајдовчина, Словенија), Рон Укај (Раховеци), Малколм Армстед (Бујукчекмече), Алтин Морина (З Мобиле Приштина), Микаиле Тмушиќ (З Мобиле Приштина), Мухамедали Јањева (Фероникели).

Најново во Кошарка