Уште еднаш ги потсетивме Бугарите која е Македонија

Бевме и останавме класа за Бугарите (Фотогалерија)

Откако капитенот на Бугарија, Павел Бојков Маринов напиша дека патуваат кон југо-западна Бугарија, вечерва на кошаркарскиот терен македонските кошаркари им оддржаа лекција на гостите. Иако момците во „црвено-жолти“ дресови не блескаа, македонските репрезентативци покажаа дека се за класа подобри од Бугарите

објавено: 15 јули 2017 - 22:17

Откако капитенот на Бугарија, Павел Бојков Маринов напиша дека патуваат кон југо-западна Бугарија, вечерва на кошаркарскиот терен македонските кошаркари им оддржаа лекција на гостите. Иако момците во „црвено-жолти" дресови не блескаа, македонските репрезентативци покажаа дека се за класа подобри од Бугарите.

На крајот, на семафорот во салата „Борис Трајковски" покажуваше 80:70 (15:11, 23:25, 19:18, 23:16).

Во речиси целиот меч Македонија беше во водство, но тоа беше едноцифрено. Првата двоцифрена предност беше во последната четвртина, кога и беше ставен крајот на надежите на гостите дека може да изненадат. 

Ветеранот Диме Тасовски даде 18 поени, капитенот Војдан Стојановски постигна 17, додека натурализираниот Македонец, Џордан Теодор во дебито пред македонската публика, реализираше 15 поени.

Со двоцифрен број на поени заврши и центарот Ѓорѓи Чековски. 

Во листата на стрелци кај Македонија се запишаа и Костоски со 7, Ѓуроски со 6, Јанески со 4 и Брчков со еден поен. Кај Бугарите најпрецизен беше Везенков,  стрелец на 16. поени.

Најново во Кошарка