ПРВИОТ СОБИР БЕЗ ПОЛОВИНА ТИМ

Без Војдан, интернационалците, „штрковите“, „енигма – Димитријевиќ

Поради „контролите" со Левски Лукоил, викендов ќе ги нема ниту шестмината репрезентативни кандидати од редовите на МЗТ Скопје. 

објавено: 31 август 2018 - 20:18

Во далеку од комплетен состав, со само седум играчи, македонската кошаркарска репрезентација ги започна подготовките за  за септемвриските претквалификации за ЕП 2021, во кои ќе ги одмериме силите со Косово (13 септември, на гости) и со Романија на домашен терен, три дена подоцна.

Вечерва во малата сала „Јане Сандански“ го немаше капитенот, Војдан Стојановски, кој има нов клуб во ЕВЕ Олденбург. Стојановски најавил дека нема да биде во можност да биде од првиот "работен ден" со своите репрезентативни соиграчи, на барање на клубот, ќе се појави во Скопје во средината на следната седмица. 

Ги немаше ниту репрезентативните кандидати од редовите на МЗТ Скопје, кои нема да бидат слободни за време на викендот. Вечерва МЗТ Скопје го играше првиот од двата предвидени контролни натпревари против екипата на Левски Лукоил. Вториот пак е најавен за утре (од 14. часот).

На првата прозивка во „Јане Сандански" ги немаше и другите наши интернационалци како Бојан Трајковски, Стојан Ѓуроски, кои исто така имаат нови клубови, но и Ненад Димитријевиќ, за кого дознаваме дека добил дозвола од неговиот Хувентуд да патува за Скопје, но само на 72. часа пред првиот официјален меч, значи на 10. септември, па останува енигма дали младиот бек ќе биде во комбинација за дуелите со Косово и со Романија.

Затоа пак се појавија: Александар Костоски, Адем Мекиќ, Бобан Стајиќ, Димитар Караџовски, Предраг Пајиќ, Кирил Николовски и Бојан Крстевски.

Најново во Кошарка