РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ЈА ДОБИ ТРЕТАТА АМЕРИКАНКА

Бонер официјално - „Македонка“

Девана Тенис Бонер од денеска и официјално доби македонско државјанство. Американката е трета натурализирана кошаркарка која ќе настапи во националниот дрес, покрај Криси Гивенс и Ешли Парис.

објавено: 12 март 2018 - 14:32

Девана Тенис Бонер од денеска и официјално доби македонско државјанство. Американката е трета натурализирана кошаркарка која ќе настапи во националниот дрес, покрај Криси Гивенс и Ешли Парис.

Триесетгодишната Бонер има титули од WNBA и огромно искуство на европско тло играјќи во ФИБА Евролига. Таа ќе биде исклучително засилување за последните два натпревара во рамки на квалификацискиот циклус за Евробаскет 2019.

Бонер ќе биде денешен гостин на натпреварот помеѓу екипите на Вардар и Шкупи во женската конкуренција до 18 години. Натпреварот ќе се одигра во малата сала на „Кале" со почеток во 18:00 часот.

Најново во Кошарка