УШТЕ ЕДЕН ДЕБАКЛ НА КАДЕТИТЕ ВО СОФИЈА

Британците ни ја земаа и мерката и теоријата

Поразот од 42 поени разлика во дуелот против Велика Британија (52:94), ги остани нашите момчиња без шанса за влез во четвртфиналната фаза.

објавено: 12 август 2017 - 17:10

Македонската селекција онаа до 16 години, нема сили, квалитет и знаење за премин на едно повисоко место од оние предвидените на ЕП од Дивизијата „Б" кое се игра деновиве во Софија.

Избраниот тим на селекторот Горан Ѓорѓиевски запиша уште еден тежок пораз. И практично по три одиграни мечеви во буарската престолнина се збогуваа со надежите за добар резултат.
Катастрофален беше оној во дуелот со Велика Британија.


Некогашните „фудбалери" сега многу подобро играат кошарка од нас.
Македонија – Велика Британија 52:94 (9-21, 13-26, 16-22, 14-25).
Многу работи станаа појасни уште по првата четвртина во која Британците стигнаа до двоцифрена предност (22:9), а дилемите симнати до полувремето во кое противникот веќе беше на плус од 25. поени (47:22).
Во катастрофалното издание на нашиот кадетски тим, Исајлоски реализираше 12, а Наумоски уште 11. поени.
Како игравме на овој натпревар доволна е споредбата во оној скокачки дел. Британците имаа 52, а ние скоро двојно помалку скокови, 27.
Недела е дена за пауза за нашиот национален тим „Под 16" години, додека пак во оној наредниот следува дуелот со селекцијата на Португалија.

 

Најново во Кошарка