ВТОР ПОРАЗ ВО ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ

БРУКА И ОЧАЈ: Естонците не изрешетаа и ни го згаснаа мундијалскиот сон

Македонската кошаркарска репрезентација го запиша вториот пораз во претквалификациите, откако на домашен терен загуби од Естонија со 76-80.

објавено: 5 август 2017 - 22:16

Македонската кошаркарска репрезентација го забележа вториот пораз во претквалификации за Светското првенство, откако на домашен терен загуби од Естонија со 76-80 (29-17, 13-26, 19-20, 15-17). Со новата очајна игра, патот кон Светското првенство речиси е недостижен и тешко остварлив. 

И повторно не блескавме, ако претходниот меч проблем беше реализацијата за три поени, овој пат паднавме на наједноставното, линијата за слободни фрлања. Згора на се, заработивме дури четири намерни лични грешки и технича грешка за Јорданчо Давитков. И кога на сето ова ќе се даде одличната прецизност на противникот од линијата за три поени, нешто што го знаевме однапред, тогаш е позната причината за потопот што за прв пат и се случи на македонската репрезентација во салата „Борис Трајковски“.

Добро го отворивме мечот, по почетното водство на Естонија од 0-3 и 2-5, предводени од капитенот Војдан Стојановски влеговме во добра серија, па првата четвртина ја завршивме со 29-17. Но ваквата игра кратко траеше, Естонци максимално го искористија своето најсилно оружје.

Распалија со тројки, на средината на втората четвртина поведоа со 40-43, период во кој Ѓурсоки направи намерна лична грешка, и од тука се почна. Естонците погодуваа како од шала, па правеа и офанзивни скокови. На полувремето заминавме со 42-43. 

Не се поправивме ниту по одморот и третиот период мина во знакот на противникот (19-20). Во 35. минута дојдоа до највисоки 73-66, не успеавме да направиме пресврт. 

Војдан Стојановски со 26 поени беше најефикасен во нашите редови, Џордан Теодор имаше 13 поени. 

 

 

Најново во Кошарка