Три репрезентации со веќе завршена работа

Бугарија, Холандија и Австрија се веќе квалификувани

Најубедлив тим засега во претквалификациите е Бугарија, која со триумфот над Португалија, го осигура првото место во својата група, и истотака ќе биде меѓу оние 32 европски репрезентации кои ќе разигруваат за пласман на Светското првенство 2019 и Евробаскетот 2021 година.

објавено: 13 август 2017 - 15:30

Победата на Австрија против Албанија, значеше отпишување на нашиот западен сосед од трката за едно од првите две места во групата, па така и Холанѓаните кои беа слободни во ова коло, си обезбедија место во квалификациите за СП 2019. Најубедлив тим засега во претквалификациите е Бугарија, која со триумфот над Португалија, го осигура првото место во својата група, и истотака ќе биде меѓу оние 32 европски репрезентации кои ќе разигруваат за пласман на Светското првенство 2019 и Евробаскетот 2021 година.

Голема неизвесност има во групата „А“, каде завчера победија гостинските репрезентации. Во многу непријатна позиција е ставена БиХ, која после поразот дома од Шведска, истотака лесно може да извиси.

Но тимот на Душко Вујошевиќ има уште два гостински меча пред себе, кои ако ги добие, може да се надева дека ќе ја оствари целта. На прагот на голем успех е Ерменија, која треба да добие барем еден од преостанатите два меча.

ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2019
РЕЗУЛТАТИ
ГРУПА А
Словачка – Ерменија 78:92
БиХ – Шведска 72:88
Табела:
1. Ерменија 4 3 1 334:306 7
2. Шведска 4 2 2 297:295 6
3. БиХ 4 2 2 327:325 6
4. Словачка 4 1 3 278:310 5
Идно коло (среда):
Словачка – БиХ
Шведска – Ерменија

ГРУПА Б:
Австрија – Албанија 97:63
Слободна Холандија
Табела:
1. Австрија 3 2 1 248:193 5
2. Холандија 2 2 0 170:149 4
3. Албанија 3 0 3 191:267 3
Идно коло (среда):
Холандија – Австрија
Слбодна Албанија

ГРУПА Ц:
Македонија – Косово 87:74
Слободна Естонија
Табела:
1. Естонија 2 2 0 156:126 4
2. Македонија 3 1 2 231:226 4
3. Косово 3 1 2 196:231 4
Идно коло (среда):
Естонија – Македонија
Слободно Косово

ГРУПА Д:
Бугарија – Португалија 91:65
Слободна Белорусија
Табела:
1. Бугарија 3 3 0 251:204 6
2. Белорусија 2 1 1 146:153 3
3. Португалија 3 0 3 211:251 3
Идно коло (среда):
Белорусија – Бугарија
Слободна Португалија

Најново во Кошарка