ЈОРДАНЧО ДАВИТКОВ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА МИНИ-ПОДГОТОВКИТЕ

Да се обидеме и да го дадеме најдоброто од нас, што ќе биде, ќе видиме во недела

Селекторот бара да се потроши целата енергија во овие два дуели со Словачка и Швајцарија кои се дел до претквалификациите за пласман на ЕП 2021. За прв пат без „странец", со подмладување на селекцијата...

објавено: 20 ноември 2017 - 10:55

Македонија „влезе" во оној ноемвриски „позорец". Црвено-жолтите" го одработија првиот од неколкуте планирани тренинзи, а пред дуелите со Словачка односно Швајцарија, кои се дел од претквалификациите за пласмна на ЕП 2021 година.

А и овој пат селекторот Јорданчо Давитков сде соочи со проблеми. Му ги прават повредата на Чековски и неразјаснетиот момент со Бојан Трајковски Двајца битни играчи на позицијата „4" во нашиот национален состав.

„Се е можно да се очекува. Тоа сие се 16 играчи кои се во комбинација. Сега, со повредата на Чековски, остануваат 15, ќе видиме што е и како е ситуацијата со него. Само што дојдов тука“.

Македонија за прв пат по подолго време ќе игра без помош на натурализиран Американец.

„Да, дефинитивно ќе го одиграме овој дел без странец, односно само со македонски играчи. Репрезентацијата ќе биде малку подмладена. Ќе играат играчи на кои во наредниот период сериозно ќе сметаме на нив".

Давитков ги знае квалитетите на противниците, секако повеќе оној првиот – Словачка.

„Ја знаеме Словачка, додека Швајцарија е мала непознаница, затоа што не сме ги гледале. Во секој случај, Словачка е сериозен противник, сега и со двајца натурализирани Американци, штом нели, им дозволиле да играат со двајцата. Ќе се обидеме да го извлечеме најдоброто што можеме, а ќе видиме во недела што е најдоброто".

Непозната пак ситуацијата со Бојан Трајковски, кој вчера играше за МЗТ Скопје в одуелот од АБА лигата против Будуќност. Но поради проблеми со препоните, најави дека во оваа недела сака да го санира тој проблем.

„Според моите последни информации, а пред да тргнам за Скопје, Бојан Трајковски беше во сите комбинации за настап. Не се сменило ништо во тој поглед. Очекувам Трајковски да игра на овие натпревари".

Селекторот тврди дека овој состав нема никаков притисок пред себе...

„Психолошка подготвеност, не, мислам дека нема притисок. Знаете дека Словачка после треба да дојде во Скопје. Оттука сметам дека кај нив има поголем притисок, затоа што во следниот круг ние имаме и домашни натпревари, а на кои ќе треба и младите играчи да превземат некои работи во свои раце.
За мене е најважно да се договориме што ќе играме. И да се обидеме да го дадеме најдоброто од нас. Колку ќе биде тоа доволно останува да видиме по завршување на натпреварите"- смета Давитков.

Најново во Кошарка