Првитге прогнози на лекарите, за жал, биле „погрешни“

Дамјан ги скинал лигаментите на коленото!

Повредата на коленото е многу посериозна. На мечот со Велика Британија во Лондон, Дамјан Стојановски ги скинал предните вкрстени лигаменти на десното колено, по што станува јасно дека го чека долгомесечна рехабилитација, која во вакви случаи може да потрае и до девет месеци.

објавено: 5 септември 2016 - 15:36

Без Дамјан Стојановски ќе биде нашиот национален тим во продолжението од квалификациите за ЕП во 2017 година.

За жал, на мечот со Велика Британија, одигран во сабота навечер во Лондон, нашиот бек заработил многу посериозна повреда од што на прв момент гласеа најавите на нашиот лекарски тим кој беше на „лице место" во „Копер бокс" Арената.

Деталниот преглед со помош на магнетната резонанца направен во скопската Клиника, „Фили втори", покажал дека станува збор за кинење на предните вкрстени лигаменти на десното коленото.

„За жал снимката покажа дека се работи за нешто посериозно од што на прв момент изгледаше. Односно дека се скинати предните вкрстени лигаменти на десното колено на Дамјан"- потврди и физиотерапевтот на нашиот национален состав Михаило Маноилов, кој цело време бил покрај нашиот репрезентативец за време на прегледите во „Филип втори".

Индиректно, тоа е повреда која бара и итен оперативен зафат, кој веќе е испланиран, и ќе биде изведен во најкус можен временски рок на една специјализирана клиника во Австрија.

Момент кој јасно е, бара подолг рехабилитациски период, што во еден ваков забрзан ритам на функционирање (играње во ритмот среда-сабота), го тргна еден од браќата Стојановски о днационалнити тим, и тоа на подолго време.

„Искуството" со ваков вид на повреди говори дека Дамјан Стојановски го очекува нова пауза, од најмалку шест-седум месеци, како што беше и случајот пред две години, кога репрезентативниот бек имаше иста повреда, но на левото колено.

Стојановски беше еден од стартерите во нашиот тим на онаа саботна средба во Лондон. Одигра нешто повеќе од девет минути. Оние во кои ги погоди двата шута од поле. Но при едно „тргнување" кон противничкиот рекет, почувствувал болка во пределот на коленото поради која мораше да седне на клупата, а потоа и да замине во соблекувалната на салата „Копер Бокс".

Најново во Кошарка