СЕЛЕКТОРОТ ЗАДОВОЛЕН ОД ПОБЕДАТА

Давитков: Да го имавме овој состав порано, ќе бевме дојдени за друга прес-конференција

Македонската репрезентација го забележа третиот триумф во претквалификациите за пласман на СП 2021 година, откако по вторпат ја совлада Словачка со 87-74. 

објавено: 25 февруари 2018 - 22:07

Македонската репрезентација го забележа третиот триумф во претквалификациите за пласман на ЕП 2021 година, откако по вторпат ја совлада Словачка, сега со (87:74) во Скопје.

„Очекувана победа, ова го кажав пред мечот. Словачка играше подобро откако на домашен терен, најверојатно беа растеретени, бидејќи по поразот ги загубија сите шанси, па затоа и погодија доста шутеви за три поени. Одигравме добар натпревар, не ми се допаѓаа неколкуте осцилации во текот на мечот. Но, тоа е така кога се игра со сите 12 играчи. Го контролиравме резултатот, на крајот заслужено победивме. Можевме да дојдеме до поголема разлика, но задоволен сум со ова. Први сме на табелата, сега не очекува дуелот со Швајцарија. Да го имавме овој тим порано ќе бевме на друга прес-конференција, а не за овие претквалификации“, изјави Давитков по победата.

На крајот селекторот им се заблагодари фановите кои одлучија да дојдат во сала и покрај временските услови. 

Најново во Кошарка