ПРВИ ПРОВЕРКИ ЗА НАШИОТ СЕНИОРСКИ НАЦИОНАЛЕН ТИМ

ДАВИТКОВ: Давање максимум од моменталните можности

Селекторот Јорданчо Давитков ќе има можност за првпат да ги види добрите и слабите страни на оваа наша селекција, која ќе има цел да се пласира во квалификациите за Светското првенство 2019 и за Евробаскетот 2021.

објавено: 11 јули 2017 - 15:00

Резултатот на мечевите со Словачка нема да биде во прв план, но, секако, подобро е да се триумфира отколку да се загуби од противник кој, исто така, игра претквалфикации.

Она што е важно е дека селекторот Јорданчо Давитков дека вечерва и утре, ќе има можност за првпат да ги види добрите и слабите страни на оваа наша селекција, која ќе има цел да се пласира во квалификациите за Светското првенство 2019 и за Евробаскетот 2021.

„После одработените подготовки во Маврово, можам да кажам дека сум многу задоволен од пристапот на сите играчи, Беа ангажирани, сконцентрирани, но за некаква играчка форма, рано е да се зборува, ќе ни треба повеќе време. Двата теста со Словачка се први за оваа екипа и затоа не очекувам некаква спектакуларна игра. Она што го очекувам од денешниот и од утрешниот меч е да видам максимално сериозен пристап од сите, да го дадат максимумот од своите моментни можности" - вели Давитков по онаа авионска одисеја од Скопје преку Виена, Грац и Братислава, која им зема еден цел ден од подготовките.

Предводникот на „црвено-жолтите“ додава дека овие контроли ќе бидат и добар показател за она што ќе треба повеќе да се работи во следниот период.

„Очекувам да видиме што сме направиле досега, до каде сме со формата и во кој дел треба повеќе да поработиме. Едно е на тренинг, сосема друго е на натпревар. Не се оптоваруваме со некакви резултатски параметри дека мора да победиме, но ќе се обидеме да одиграме добро и да имаме појасна слика за тимот, и сите да бидат здрави", посакува Давитков, кој на контролите со Словачка ќе користи 13, кошаркари.

 

Најново во Кошарка