КОШАРКАРИТЕ ПОЧНУВААТ ОД „НУЛА“

Давитков го објави поширокиот список за претквалификациите за ЕП

На крајот на месецов „црвено-жолитите“ ќе играат против Словачка и Швајцарија

објавено: 10 ноември 2017 - 15:09

Кошаркарската репрезентација на Македонија почнува од „нула“. Откако имаа неуспешни претквалификации за Светското првенство, сега следуваат претквалификациите за Европското првенство кое ќе се игра во 2021 година.

Селекторот Јорданчо Давитков, го објави списокот на играчи кои се повикани за првиот тренинг. Според планот, првиот собир ќе ќе биде на 19. ноември (недела) со почеток во 17:00 часот, во „Јане Сандански".

Првиот натпревар Македонија го игра на гостински терен, против Словачка, на 23. ноември. Три дена подоцна на домашен терен играме против Швајцарија во СЦ „Јане Сандански".

СПОСОК НА ПОВИКАНИ ИГРАЧИ

Перо Антиќ (Црвена Звезда)
Војдан Стојановски (Бујукчекмече)
Ѓорѓи Чековски (Работнички)
Ненад Димитријевиќ (Хувентуд)
Стојан Ѓуроски (Карпош Соколи)
Марјан Јанески (Куманово)
Димитар Караџовски (Куманово)
Александар Костоски (Питешти)
Бојан Крстевски (Работнички)
Андреј Магдевски (Фени Индустри)
Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром)
Адем Меќиќ (МЗТ Скопје Аеродром)
Љубомир Младеновски (Илирија)
Кирил Николовски (Карпош Соколи)
Предраг Самарџиски (Мега Бемакс)
Дарко Соколов (Карпош Соколи)
Бобан Стајиќ (МЗТ Скопје Аеродром)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Диме Тасовски (Гостивар)
Бојан Трајковски (МЗТ Скопје Аеродром)
Лестер Бо Мекејлеб
Ричард Хендрикс (Галатасарај)
Џордан Теодор (Олимпиа Милано)
Марко Дујковиќ (Блокотехна)

Најново во Кошарка