ЗАДОВОЛСТВО КАЈ СЕЛЕКТОРОТ ПО ДОМАШНИОТ ТРИУМФ НАД БУГАРИЈА

ДАВИТКОВ: Имаме што да корегираме, и време да ги одбереме најдобрите

„Се обидов да ротирам колку што можам. Да им дадам шанса на повеќе играчи. Некои се снајдоа подобро, некои не. Но имаме уште четири натпревари за да ги одбереме најдобрите 12, односно најдобрите девет-десет“- анализира предводникот на „црвено-жолтите“ по победата над Бугарија (80:70).

објавено: 15 јули 2017 - 22:52

Макоедноја стигна до првата „регуларна победа“ во периодот на подготовките. Во Скопје, во празната, за жал, ВИП Арена „Борис Трајковски“ бевме подобри од Бугарија. Славевме сигурна победа (80:70), на задоволство на селекторот Јорданчо Давитков, секако и оние избрани кошаркари кои бараат место за претквалификациите во август. 

“Добро, сепак ова беше прв натпревар на домашен терен. Имавме малку и пресија. Одигравме добро во првата четвртина. Со добра одбрана. Немавме сила да продолжиме во исто темпо. Се обидов да ротирам колку што можам. Да им дадам шанса на повеќе играчи. Некои се снајдоа подобро, некои не. Но имаме уште четири натпревари за да ги одбереме најдобрите 12, односно најдобрите девет-десет.

Во принцип сум задоволен од некои делови. Можеби во Словачка добро функционираше нападот, сега не беше така, не бевме на висина, иако имавме доста отворени шутеви кои реално требаше да ги погодиме, но не ги реализиравме. Но и топката одеше малку поспоро. Не одеше како што треба, малку беше, би рекол,  'закочена'.. Имавме и добри акции, но и одредени грешки, што е и нормално за овој период“.

Давитков видле и добри и не баш толку добри моменти во играта, отприлика знае со што располага за она што следува во август, и оние четири дуели со селекциите на Косово и Естонија.

„Во секој случај, победа си е победа. Пријателски или било каков меч. Задоволен сум од победата. Одбраната ја одигравме подобро отколку во Словачка. Но треба да идавиткосправиме некои недостатоци. Се надевам дека овие три натпревари кои следуваат и кои ќе бидат доста напорни, затоа што ќе се игра секој ден од Трофејот Макдонија, со повеќе ротации ќе покажат играчите кои можат да ни бидат од помош за претквалификациите. Јас веќе имам една одредена слика, но, дајте да ги сочекаме тие натпревари да видиме како ќе биде сето тоа. Во секој случај, топката мора да оди малку побрзо во нападот, не сме во шутерско форма, што е некако и нормално за овој дел. Се надевам дека ќе ја имаме за дваесетина дена. Или овие отворени шутеви да ги погодиме. И одбраната може да ја одиграме уште подобро, иако вечерва одигравме солидно“- го анализираше првиот домашен меч селекторот Давитков.

 

 

Најново во Кошарка