МКФ НЕ ГО МЕНУВА ПРЕДВОДНИКОТ НА СЕНИОРИТЕ

Давитков останува селектор, добива „втора шанса" !?

Во изминатите денови, Јорданчо Давитков контактирал со дел од кандидатите за дресот со националниот тим, што е изненадувачка потврда плус дека МКФ нема да менува ништо за претквалификациите за ЕП 2021.

објавено: 23 октомври 2017 - 19:00

МКФ нема да (на) прави промена на местото селектор на машката сениорска репрезентација. Иако е во форма на неофицијално, Јорданчо Давитков и понатаму ја ужива (л) довербата на раководството на федерацијата.

Па за таа цел во изминатите неколку дена актуелниот предводник на „црвено-жолтите" веќе ги правел консултациите со одреден број на играчи на кои ќе (се) смета за претстојната репрезентативна акција, односно оној ноемвриски „прозорец", или поточно кажано, настапите во претквалификациите за Европското првенство кое треба да се игра во 2021 година.

Изненадувачки во секој случај, особено ако се знае какви резултати постигна нашиот национален тим во оние претквалификациски натпревари за место во светските квалификации и пробив на кошаркарскиот Мундијал, оној кој треба да се одржи 2019 година во Кина.
Ова лето, по пауза од една деценија, Давитков повторно го предводеше нашиот сениорски национален тим. Но не успеа во обидите да оствари пласман кој води во светските квалификации.
Да биде ситуацијата уште полоша, во оние четири натпревари (по два со Естонија и со Косово), под водство на Давитков Македонија оствари беден ефект од една победа и три порази, и последно место во групата.
Иако тие натпревари се одамна во архивата, засега раководството на МКФ не излезе со никаква информација околу тоа што и кои се идните планови со нашата „А" селекција, и пред се, секако, изборот на лице кое ќе ја води истата во наредниот период.
По ова станува се поизвесно дека МКФ ќе му даде „втора шанса" на Давитков, и дека тој ќе го составва тимот кој треба да направи позитивен скор во дуелите со селекциите на Словачка и Швајцарија. Нашите противници во првата елиминациска фаза за пласман на Евробаскетот во 2021 година.
Б. Радуловиќ

 

Најново во Кошарка