СИТНИ КОСОВСКИ ПРОВОКАЦИИ КОН МАЛУБРОЈНАТА ПУБЛИКА ВО СКОПЈЕ

ДАВИТКОВ: Подобро ќе беше да играме пред полна сала, но...

„Мојот личен став е дека сакам да има повеќе публика, подобро ќе беше да имавме полна сала, но не одлучувам јас" - одговори Давитков на прашање од косовски новинар дали немањето билети во продажба е поради страв од присуство на голем број гостински фанови.

објавено: 13 август 2017 - 17:00

Јорданчо Давитков, пред се како човек кој 20 години беше активен играч, а сега е тренер, смета дека подобро ќе било мечот да се играше во полна сала. Но како што кажа и на прес-конференцијата по натпреварот со Косово, којбепше прогладен за оние со „висок ризик“, као и сите други, решил ја почитува одлуката на МКФ донесена во консултации со МВР да нема продажба на билети, бидејќи постоеше ризик од инциденти.

Вака, освен неколку провокации на Морина и Хајризи кон публиката која седеше во првите редови зад клупата на Косово, немаше поголеми тензии, и во најголем дел, атмосферата во ВИП Арената „Борис Трајковски“, беше пред се, спортска.

Сепак, по истекот на 40. минути, остана отворено прашањето, кое го потенцираа и гостинските колеги, дали немањето билети во продажба е поради страв од присуство на голем број гостински фанови.

„Одлуката да нема продажба на билети ја донесе федерацијата заедно со полицијата, нивната проценка беше таква, и јас тука не се мешам. Мојот личен став е дека сакам да има повеќе публика, подобро ќе беше да имавме полна сала, но не одлучувам јас" - одговори Давитков на прашање од косовскиот новинар 

Најново во Кошарка