ОСТАНУВА ВО ОАЕ

Давитков продолжува во Абу Даби

Актуелниот селектор на нашиот национален тим останува во Емиратите, но во тимот Банијас од Абу Даби...

објавено: 9 ноември 2017 - 12:04

Јорданчо Давитков останува во Обединетите Арапски Емирати. Но овој пат како тренер на екипа од Абу Даби, која се вика Банијас.

Веста Давитков ја потврди и со фотографии на својот фејсбук профил, веднаш по потпишувањето на договорот со претставниците на клубот. 

Со тоа се симнати сите дилеми околу иднината онаа тренерската, секако, на моменталниот предводник на нашиот национален тим, кој во меѓувреме ја доби довербата на актуелното раководство на МКФ да го предводи нашиот национален тим и во претквалификациите за ЕП 2021 година.
А потписот на договорот со клубот од Обединетите Арапски Емирати пак од друга страна повлекува уште едно сериозно прашање.
Дали Давитков ќе добие „слобода" од своите нови работодавачи да ја реализира ноемврската мисија, односно да ги предводи „црвено-жолтите" во дуелите со селекциите на Словачка и на Швајцарија кои се играат во првиот квалификациски „прозорец".

 

Најново во Кошарка