КОШАРКАРИТЕ ВЕЌЕ СЕ ВО СКОПЈЕ, НА ДНЕВЕН РЕД Е ШВАЈЦАРИЈА

Давитков: Заморот може да биде мал проблем, но нема да дозволам опуштање

Кошаркарите веќе се во Скопје. Откако вчера цел ден го минаа по патишта, поради лошата конекција, денеска ќе ги одбработат последните подготовки за утрешниот дуел против Швајцарија. 

објавено: 25 ноември 2017 - 08:30

Кошаркарите веќе се во Скопје. Откако вчера цел ден го минаа по патишта, поради лошата конекција, денеска ќе ги одбработат последните подготовки за дуелот против Швајцарија. Селекторот, Јорданчо Давитков вели дека заморот може да биде проблем, но нема да дозволи опуштање, тој од своите момци ќе бара ист пристап како против Словачка за втора победа во претквалификациите за ЕП 2021.  

„Заморот може да биде мал проблем, но нема да дозволам опуштање и потценување на противникот. Не смееме да мислиме дека однапред ни е загарантирана лесна победа. Премногу се важни натпреварите за да дозволам опуштање, и утре ќе имаме ист пристап како во Словачка. Повторно ќе играме агресивно во одбрана, и се надевам на добар резултат. За разлика од летоска кога имавме мал простор за маневрирање, и немавме голем ростер во кој може да се ротираат повеќе играчи, сега имаме поголем избор, 6-7 нови играчи кои се подготвени да помогнат во одреден момент. Тимот е сосема друг, посилен од тој што го имавме против Косово и Естонија“, вели Јорданчо Давитков.

Во составот на „црвено-жолтите“ треба да се врати Александар Костоски, кој поради повреда остана во Скопје.

Натпреварот меѓу Македонија и Словачка се игра утре со почеток во 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“. 

Најново во Кошарка