НЕ МОЖЕ БЕЗ ТРАНСПОРТНИ ПРОБЛЕМИ

ДЕН ЗА „НЕПЛАНИРАН ОДМОР“: Враќање дома, доцна вечерва!?

Авионскиот лет од Братислава до Скопје е со полетување во терминот од 21.55 часот, и тоа значи дека и денеска македонските кошаркари речиси цел ден ќе бидат во Словачка.

објавено: 24 ноември 2017 - 11:00

Авионскиот лет од Братислава до Скопје е со полетување во терминот од 21.55 часот, и тоа значи дека и денеска македонските кошаркари речиси цел ден ќе бидат во Словачка.

Претпладнево ќе имаат одмор во скромниот хотел во Попрад каде што се сместени, а околу ручек заминуваат на неколкучасовно патување со автобус до главниот град на Словачка. Пристигнувањето во Скопје е околу полноќ, а саботата ќе биде искористена за подготовка за дуелот со Швајцарија, закажан за в недела вечер.

Kога и со кого до крајот?
Во оваа прва фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2021, Македонија ќе одигра уште три натпревари во кои со право се надеваме на максимален учинок од три победи, и пласман во следната фаза како први во групата.

Следниот настап е на 26 ноември, в недела, во „Јане Сандански" против Швајцарците. Потоа следува пауза од три месеци, па 22 февруари кога играат Швајцарија и Словачка, Македонија е слободна и ќе се подготвува за можеби клучниот меч на 25 февруари дома со Словаците. Гостувањето во Швајцарија на 28 јуни е за крај на овој циклус.

Најново во Кошарка