ГРУЗИЈА МНОГУ ПОКОЛЕКТИВНА ОД МАКЕДОНИЈА

Добри само на почетокот...

Во еден од можеби и пресудните мечеви во првата фаза од шампионатот во Софија, грузиските кадети беа подобри од македонските (88:53)

објавено: 10 август 2017 - 19:05

Добар беше само почетокот, односно првата четвртина. Оние десет минути во кои Македонија имаше водство, на истекот од четвртината беше (19:15).

Но тие уводни минути беа и најдборите за избраниот тим на селекторот Горан Ѓорѓиевски на отворањето на натпреварите од групата „Д" на Европското првенство од Дивизијата „Б", кое денеска започна во Софија.
За жал, добриот старт, не беше максимално искористен да се направи тој прв, и многу важен исчекор во битката за пласман на една од двете позиции кои водат во четвртфиналната фаза од овој турнир во главниот град на Бугарија.

На деби настапот на оваа наша селекција на едно ЕП...

Македонија - Грузија 53:88 (19-15, 9-19, 14-21, 11-33)
И премногу, нашата игра се потпираше на индивидуалните квалитети, пред се оние на Јакимовски, кој практично одигра еден соло-поентерски натпревар против грузиските сили кои оај беа распределени далеку „покошаркарски".
Имаа противниците неколку разиграни кошаркари, што не беше случај со нашата селекција на овој премиерен меч. Тоа се виде и до полувремето во кое Грузија ја направи првата осетна предност, поведе со (34:28).
Работите не се сменија ниту по оние 15. минути пауза. Повторно сите чекаа Јакимовски да реализира во нападот, а спори беа нашите реакции во одбраната. Како одминуваше мечот, така паѓаше и играта на нашиот кадетски тим, кој својата нова шанса ќе ја побара по неполн ден пауза.
Во петок претпладне (12.45 часот), Македонија ја чека дуел со селекцијата на Косово, која во првото коло минимално загуби од Португалија, (64:65). Вечерва од 19.30 часот пак се среќаваат селекциите на Велика Британија и Луксембург.

Најново во Кошарка