АМБИЦИИТЕ НА ВТОРОЛИГАШОТ ОДАТ УШТЕ ПОДАЛЕКУ

Дујковиќ е желба на Радовиш

Марко Дујковиќ би може да биде најголемото играчко засилување за второлигашот, но само под услов да добие раскин на договорот со клубот каде што настапува во овој момент - Металац од Ваљево.

објавено: 10 јануари 2017 - 19:00

Многу лесно, екипата на Радовиш која стана една од најактивните во македонската клупска кошарка, би можела да дојде до едно големо засилување. Секако, покрај оние најавените кои како што претходно беше објавено, потекнуваат" од редовите на Кожув од Гевгелија.
Како дел од проектот кој треба да го однесе второлигашот од Радовиш во прволигашка конкуренција, иако засега срамежливо, е најавен ангажманот и на еден актуелен македонски репрезентативец.

Како желба да го имаат за вториот дел од сезоната, но и понатаму, е потенциран Марко Дујковиќ, или највисокиот македонски репрезентативец во историјата на нашата кошарка.


Но проблем за евентуална реализација на договорот би можел да биде обврската која високиот центар ја има спрема екипата на Металац од Ваљево, а која неофицијално трае до крајот на февруари.
Тој временски термин е неприфатлив за раководството на клубот, од проста причина што зимскиот преоден рок кај нас, а кога станува збор за Втората лига-мажи, се затвора на 10. февруари.
Па оттука единствен начин за да дојде до реализација на евентуален договор е Дујковиќ предвреме да добие „раскин" и да биде регистриран како играч на Радовиш во определениот временски период од страна на нашата федерација.
Инаку, во овој прв дел од сезоната, Дујковиќ одигра 11. мечеви за „маталците" од Ваљево,. И притоа, во просек реализирал по четири поени и исто толку скокови, како и по 1.8 блокади и исто толку загубени топки, а за нецели 14. минути кои ги поминал на терените во Првата лига на Србија.

Најново во Кошарка