ГРУПАТА И НЕ Е ТОЛКУ НАИВНА КАКО ШТО ИЗГЛЕДАШЕ

„Естонија е слична на нас, нападите ги завршува во тројка“

Иако во моментов сите мисли се насочени кон дуелот со Косово, сепак селекторот, Јорданчо Давитков со свое видување и за репрезентацијата на Естонија. 

објавено: 31 јули 2017 - 14:57

Иако во моментов сите мисли се насочени кон дуелот со Косово, сепак селекторот, Јорданчо Давитков со свое видување и за репрезентацијата на Естонија.

„Бевме фокусираме за Косово, но и целиот скаутинг е спремен и за Естонија. Играат долго време заедно, вратија двајца поискусни играчи. Одиграа добро во подготовките, искусна репрезентација, која можеби е најмногу слична нашата која нападите ги завршува со шут за тројка. Играат агресива кошарка. Сите натпревари ќе бидат изедначени, мала предност што го играме првиот меч на домашен терен. Имаат добар селектор, велам иако на почетокот кога беше извлекувањето изгледаше дека имаме доста добра група, но можам да кажам дека се добро рангирани. Но прво да мислиме за Косово па потоа да размислуваме за Естонија", смета Јорданчо Давитков. 

Најново во Кошарка