ЗВУЧИ НЕВЕРОЈАТНО, НО Е ВИСТИНИТО

Евробаскетот без 22 играчи од НБА, барем засега...

Или вкупно 41 кошаркар од елитните, нема да биде дел од најголемата европска кошаркарска смотра од 31. август до 17. септември...

објавено: 21 август 2017 - 11:00

Иако до почетокот на Евробаскетот остануваат уште десет дена, сега е веќе јасно дека на најсилниот континентален кошаркарски собир, нема да видиме голем број на врвни играчи, а пораид кои, се разбира, овој настан се очекува(ше) со големо нетрпение.

Минатата сезона Серхио Љуљ, пред некој ден Јанис Адетокумпо, вчера Милош Теодосиќ...
Како се ближи почетокот на турнирот во четири различни градови од Европа, така се подолга е листата на најголеми имиња, од Русија до Франција, преку Исланд и Грција, кои нема да ги гледаме во Хелсинки, Истанбул, Тел Авив и Клуж...
Со внимателно пресметување, односно броење, се стигнува до бројката од неверојатни 41 играч, во која не се ставени и оние „тазе пензионирани" играчи (како Тони Паркер, на пример).


А половина од нив, интересно, се од НБА лигата.
Редоследно, се чини дека најголема загуба има Србија, затоа што освен последниот отказ на Теодосиќ, „орлите" претходно останаа „пократки" за уште две НБА имиња, Никола Јокиќ и Немања Бјелица.
Во една слична ситуација се и „галските петлиња"затоа што ги немаат на располагање Руди Гобер, Николас Батум и Јан Маинми, Хрватите (Марио Хезоња, Анте Жижиќ, Ивица Зубац), па и Турците, каде недостасуваат Ерсан Илјасова, Омер Ашик и Енес Кантер.
Од оние „европејците", нема да го видиме Серхио Љуљ, кој ги скина предните кврстени лигаменти на коленото. Повреден е и Руди Фернандез, Фелипе Рејес откажа поради замор.
„Голем одмор" земаа Јан Весели и Мет Лоџески, повредени се Мирослав Радуљица, Марко Симоновиќ.
Тешка повреда на коленото има Зоран Драгич (Словенија), а првата звезда на Велика Британија, Бен Гордон пак, воопшто не се појави на подготовките.
Штета, навистина голема штета, затоа што овој Европски шампионат ќе биде значително осиромашен.
Еве и за кои играчи, барем засега...
СРБИЈА: Милош Теодосиќ (ЛА Клиперс), Немања Бјелица (Минесота Тимбервулвс), Мирослав Радуљица (Џенгсу Драгонс), Никола Јокиќ (Денвер Нагетс), Марко Симоновиќ (Зенит СП), Никола Милутинов (Олимпијакос)
ХРВАТСКА: Марио Хезоња (Орландо Меџик), Анте Жижиć (Бостон Селтикс), Ивица Зубац (ЛА Лејкерс), Миро Билан (Цедевита)
ИТАЛИЈА: Данило Галинари (ЛА Клиперс), Андреа Барњани (Баскониа)
ФРАНЦИЈА: Никола Батум (Шарлот Хорнетс) Руди Гобер (Јута Џез), Јан Маинми (Вашингтон Визардс), Фабијан Козер (Реал Мадрид)
ШПАНИЈА: Серхио Љуљ (Реал Мадрид), Никола Миротиќ (Чикаго Булс), Серж Ибака (Торонто Репторс), Руди Фернандез (Реал Мадрид), Фелипе Рејес (Реал Мадрид)
БЕЛГИЈА: Мет Лоџески (Панатинаикос)
ПОЛСКА: Марчин Гортат (Вашингтон Визардс)
ГРЦИЈА: Јанис Адетокумпо (Милвоки Бакс), Костас Куфос (Сакраменто Кингс).
СЛОВЕНИЈА: Зоран Драгич (Армани Милано)
ГЕРМАНИЈА: Данијел Тајс (Бостон Селтикс), Пол Зипцер (Чикаго Булс), Максимилијан Клебер (Далас Маверикс)
ЧЕШКА: Јан Весели (Фенербахче), Андреј Балвин (Гран Канарија)
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: Бен Гордон (Тексас Леџендс)
ТУРЦИЈА: Ерсан Иљасова (Атланта Хокс), Омер Ашик (Њу Орлеанс Пеликанс), Енес Кантер (Оклахома Сити Тандер)
УКРАИНА: Алекс Лен (Феникс Санс), Кирило Фесенко (Авелино)
РУСИЈА: Сергеј Карашев (Зенит СП)
ЛЕТОНИЈА: Анџејс Пасечникс (Гран Канарија)
ЛИТВАНИЈА: Домантас Сабонис (Индијана Пејсерс), Паулијус Јанкунас (Жалгирис)

Најново во Кошарка