ДЕВОЈКИТЕ ВО РАМКИТЕ НА ОЧЕКУВАНОТО

ЕВРОПА БАРА УШТЕ НЕШТО: Не може да „работат“ само Митрашиновиќ и Гивенс...

Мечевите со Италија и Шведска покажаа дека Македонија дава нешто над 50 поени, а малку повеќе од две третини од поените ги постигнуваат натурализираната Гивенс, и плејмејкерот Митрашиновиќ...

објавено: 16 ноември 2017 - 15:42

Мечевите со Италија и Шведска покажаа дека Македонија дава нешто над 50 поени, а малку повеќе од две третини од поените ги постигнуваат натурализираната Гивенс, и плејмејкерот Митрашиновиќ која игра за Будуќност. Кога би имале уште барем две репрезентативки кои ќе даваат таков придонес во нападот, и шансите за подобри резултати ќе пораснат.

Против Италија дома, „црвено-жолтите" дадоа силен отпор, и штета е што не беа комплетни за да го изненадат фаворитот. Италијанките не се во добра форма, а потврда за тоа е што загубија дома од Хрватска со 71:83. Шведска е прва со 2-0, Италија и Хрватска имаат по 1-1, а Македонија има 0-2.

Наредните натпревари од овие квалификации се закажани за 10 и 14 февруари 2018 година. Тогаш Македонија ќе игра дома со Хрватска односно гости со Италија. Повторно ќе ги нема Јелена Антиќ и Ивона Пејковска кои имаат потешки повреди, но ако биде сè како што треба со останатите, Македонија ќе има посилен состав од сегашниот, бидејќи ќе се приклучат некои од повредените и ќе се појават некои од поискусните кои сега од приватни причини не беа дел од тимот.

 

Најново во Кошарка