ВО САРАЕВО, ПОЧНА КАДЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ ОД ДИВИЗИЈАТА „Б"

Големата Русија стравуваше се до последните секунди

Бевме блиску до сензација, и тоа се до последните секунди од премиерниот меч, но Русите се извлекоа со победа од (75:69).

објавено: 9 август 2018 - 18:57

Македонија не успеа да ја победи фаворизираната селекција на Русија. На отворањетo на кадетскиот шампионат од Дивизијата „Б" во Сараево, бевме во егал во текот на сите 40.минути против фаворизираниот противник. Но, недостасуваше тој последен чекор до сензационален резултат.
МАКЕДОНИЈА – РУСИЈА 69:75 (13-23; 23-10; 7-21; 26-21)
Миловановиќ и Величковски реализираа по десет поени, добар дел од нив во четвртината на пресврт. Онаа втората во која нашиот кадетски тим не само што ја анулираше негативата од првата од цели десет поени (13:23), туку премина во водство, кое на полувремето изнесуваше три поени (36:33).
Добрата реализација го поништи оној очекувано наш слаб сегмент. скок-играта, во кој Русите доминираа (имаа десет скока повеќе). Но и 12 загубени топки (две повеќе од нашиот кадетски состав).
Но работите се сменија по големиот одмор...
Руските кадети заиграа многу поефикасно во нападот. Одиграа многу подобро во оние дефанзивни ситуации, и за нецели седм минути игра ја вратија онаа почетна предност. Со серијата од (16-4), поведоа со (49:40) по некои 27.минути од играта.
До истекот на четвртината бевме во уште поголема негатива, и тоа двоцифрена (43:54).
Делумно поради тоа што неколку наши играчи, пред се Мирковски (четири) и Савиќевиќ (три во првиот дел), прерано влегоа во проблеми со личните грешки.
Серијата од (5-0) го врати нашиот тим назад во мечот (48:54), и најави неизвесна последна четвртина од овој премиерен меч на оваа наша најмлада национална селекција.
Така и беше...
Со тројката на Петрушевски, на 49.секунди пред крајот, намаливме само на поен негатива (69:70), знак за руски тајм-аут. Противикот поентираше, Савиќевиќ не даде тројка за егал скор, а веднаш потоа, Петрушевски направи неспортска лична грешка кога останаа само 21.секунда. И кога умре таа последна надеж за голем резултат на сараевската премиера.
Инаку, во другите два натпревари од оваа „Б" група на ЕП во Сараево, Словачка беше подобра од Норвешка (72:58), додека пак Белгија делуваше убедливо против Данска, (78:50).
Во второто коло, утре попладне (14.15 часот), Македонија игра против селекцијата на Белгија.

 

Најново во Кошарка