Еден од најдобрите бекови кај нас ја завршува кариерата

Горан Самарџиев вели доста е со кошарка

Еден од најдобрите бекови во Македонија, Горан Самарџиев, одлучи да ја заврши кариерата, а вели дека ќе остане во кошарката и тоа како асистент тренер во Фени Индустри

објавено: 7 август 2016 - 09:58

Еден од најдобрите бекови во Македонија, Горан Самарџиев, одлучи да ја заврши кариерата, а вели дека ќе остане во кошарката и тоа како асистент тренер во Фени Индустри.

Самарџиев се простува на 35-годишна возраст, а остави впечатлив траг во македонската кошарка. Поголемиот дел од кариерата го мина во Фени, каде беше и капитен, а има титули во мак-кошарката со Работнички. Играше и за Орка Тиквеш, за Вардар и за Лирија.

„Доста беше со активни настапи, но не можам без кошарката. Таа ми е во крвта и ќе продолжам како асистент тренер во Фени и како координатор во младинските школи“, вели Самарџиев.

Тој е и еден од најтрофејните кошаркари кај нас со 8 титули во првенството и 7 во националниот куп. Во 2008 беше прогласен за МВП на завршниот куп турнир.

Најново во Кошарка