СЕЛЕКТОРОТ НА СЛОВАЧКА ПРЕТПАЗЛИВ

„Хендрикс ќе биде џокерот на Македонија, не смее да се заборават браќата Стојановски, ниту талентираниот Димитријевиќ“

Предводникот на словачката репрезентација, Иван Рудеж ја дијагностицираше најголема опаснот. Според него Хендрикс, браќата Војдан и Дамјан, како и Ненад Димитријевиќ и Кире Николовски, ќе бидат главната водечка сила на „црвено-жолтите".

објавено: 23 ноември 2017 - 09:30

Македонската репрезентација денеска (18 часот) во Попрад ќе се обиде да сврти нов лист и со победа да ги отвори квалификациите за пласман на Европското првенство 2021 година. Прв противник е селекцијата на Словачка, која со голем респект гледа кон нашите кошаркари, но најавува максимална борба на теренот.

Предводникот на словачката репрезентација, Иван Рудеж ја дијагностицираше најголема опаснот. Според него Хендрикс, браќата Војдан и Дамјан, како и Ненад Димитријевиќ и Кире Николовски, ќе бидат главната водечка сила на „црвено-жолтите“. 

„Македонија има квалитет, дефинитивно на теренот ќе се води писхолошка војна. Го имаат одличниот Ричард Хендрикс, како и браќата Стојановски, тука е и талентираниот Димитријевиќ од Бадалона. Хендрикс заедно со Николовски ќе бидат вистинска опасност под обрачите. Имаме неколку млади кошаркари, но верувам дека ќе го дадеме максимумот уште на првиот меч", изјави селекторот на Словачка, Иван Рудеж.

Во составот на словачката репрезентација ќе биде Кајл Курич, кој денеска ќе дебитира во дресот на противникот. Некогашниот соиграч на Ричард Хендрикс, препудпредува дека доаѓањето на натурализираниот Македонец ќе биде голем плус за нашиот национален тим.

„Иако времето е кратко, сепак се обидов што побрзо да се вклопам во системот на игра. Ричард е одличен кошаркар, го знаеме добро, ќе биде интересно да се игра против него. Македонија го има Војдан Стојановски уште еден кошаркар против кого имам играно во шпанското првенство. Без разлика на сè, нашата задача е да бидеме максимално фокусирани на она што треба да го исполниме на теренот, а да не се замараме со противникот", изјави кошаркарот на Зенит.

Најново во Кошарка